Со вкупно 8 Оскари од 10 ниминации, меѓу кои и за најдобар филм, остварувањето на британскиот режисер Дени Бојл „Милионерот скитник“, триумфираше на 81-то доделување на најпрестижната филмска награда – Оскар, што се одржа во Лос Анџелес.
Шон Пен го доби Оскарот за најдобра машка улога за ролјата во филмот „Милк“, а наградата за најдобра главна женска улога ја освои британската глумица Кејт Винслет за улогата во филмот „Читач“.
Оскарот за најдобра режија му припадна на Дени Бојл за филмот „Милионерот скитник“. На трагично починатиот австралиски глумец Хит Леџер, кој игра во филмот „Мрачниот витез“, постхумно му беше доделен Оскар за најдобра споредна машка улога, додека Оскарот за најдобра споредна женска улога го освои шпанската глумица Пенелопе Круз за улогата во филмот „Вики.