Денеска е регистриран 21 оздравен пациент. Во Скопје 8 пациенти, во Куманово 6, во Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Кочани 1, Македонски Брод 1.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19, информира министерот за здравство Венко Филипче. По градови: Скопје 3, Битола 1, Велес 4.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.
OhridNews