Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците 8.9.2010 година (среда), Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. Исто така 9.9.2010 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им ги честита празниците.

OhridNews