Осумгодишна Саудијка се развела од својот педесетгодишен сопруг откако татко и ја присилил да се мажи, бидејќи зетот му платил 13 000 долари. На девојчето после вонсудската спогодба и е дозволено да се разведе од човекот за кого се омажила минатата година соопштил нејзиниот адвокат.
Судот во Онезија претходно го отфрлил барањето на мајката на девојчето за развод и пресудил дека девојчето мора да почека до пубертетот како би можела сама да побара развод. Во Саудиска Арабија не постои закон кој ја дефинира минималната старост за влегување во брак.