Охрид од денеска до 5 јуни ќе биде домаќин на осмото издание на Меѓународниот ТВ фестивал на филмови од областа на екологијата и културното наследство.
Фестивалот е во организација на Македонската телевизија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура и градот Охрид.
Целта на Фестивалот е да ги афирмира досегашните искуства во заштитата на природното и културното богатство во Македонија и светот.На фестивалоттрадиционално ќе бидат доделени и награди за најдобро сценарио, режија, камера и монтажа и плакета „Македонска качунка” на Еколошкиот прес-центар.