Доцна синоќа по европско време, беше одржано 79-то издание на Academy awards или доделување на престижните филмски нагрaди – Оскар. Во спектакуларната Кодак Арена во Лос Анџелес, триумф на вечерта оствари „вечно“ вториот Мартин Скорцезе со својот филм The Departed (Покојниот) со четирите оскари вклучувајќи ги и двете најважни награди: за најдобар филм и најдобра режија.


Мартин Скорцезе

На Скорцезе ова му беше дури осма номинација за Оскар (шеста за режија), доаѓајќи на сцената да ја прими наградата, прво ги праша презентерите Стивен Спилберг и Џорџ Лукас: -Го проверивте пликото?

The Departed освои Оскари и за монтажа и за најдобро адаптирано сценарио. Од пет номинации единствено им „побегна“ Оскар за најдобар спореден актер.

Без изненадување помина изборот во категориите Најдобар актерво главна улога и Најдобра актерка во главна улога. Фаворите победија. Форест Витакер, за улогата на Иди Амин во „последниот крал на Шкотска“ и Хелан Мирен за улогата на Кралицата Елизабета во „кралица“