Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, од кои 1 во Охрид, или по градови: Скопје 26, Куманово 4, Дебар 1, Штип 17, Тетово 9, Струга 3, Битола 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 3, Виница 1, Свети Николе 5.

Министерството за здравство информира дека од коронавирус се починати 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица меѓу кои нема ниту еден од Охрид кој со 86% активни случаи од вкупно регистрираните е на врвот на листата во земјата.

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

OhridNews