На 78-годишно лице од Прилеп вчера, околу 10.30 часот, додека било крај езерото, му се слошило по што паднало во водата.

Веднаш реагирале граѓани кои се затекнале на местото, го извадиле од вода и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош.

Лицето било пренесено во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт. Извршен е увид.