На денешен ден, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).
На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.
Притоа, АСНОМ било конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија.
По повод 78-годишнината од АСНОМ државно – црковнс делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска ќе присуствува на пригодна свеченост што ќе се одржи во манастирот Прохор Пчињски, Република Србија.