Со неверојатни 7.7 промили алкохол во крвта, едно момче во француските Пиринеи управувало автомобил! Се разбира, тоа не можело долго да потрае, па 30-годишникот завршил во ѕид. Поминал со полесни повреди, но полицијата едноставно не можела да верува на наодите кои ги потврдила и лабораторијата, 7.7 промили, што во медицинскиот речник има значење-неподнослива количина алкохол во организмот, која речиси сигурно доведува до смрт.


Но, исклучоци има секогаш. Со олкава количина момчето одамна требало да лежи во кома со тешко оштетување на мозокот, рекол еден експерт во болницата во француската покраина, и додал: Ова е неверојатен пример каде што човечкото тело успеало да издржи толкава количина отровни материи.