Охрид денес одбележува 77 години од ослободувањето.  За време на Втората светска војна градот се наоѓал под бугарска окупација.

Охрид бил ослобен на 15 октомври 1944 година од партизанските единици, но за кратко време под притисок на германските сили тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили, во кој животот го загубија десетици млади херои, ноќта меѓу 7 и 8 ноември, 1944 година Охрид е ослободен од фашистичкиот окупатор.

Благодарение на нивното херојство , Охрид е слободен град, светска туристичка дестинација, културна престолнина и духовна мека на македонскиот народ.

 

OhridNews