На денешен ден пред 77 години формиран е партизанскиот батаљон „Мирче Ацев“ на слободната територија во Дебрца, охридско. Воедно 18 Август се одбележува и како Ден на армијата.
По тој повод Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца заедно со локалната самоуправа на општина Дебрца, и делегација на припадниците на АРМ, денеска организираат собир кај споменикот од Втората светска војна на Славеј Планина, каде пригодно обраќање за значењето на настанот, ќе има претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца –Гоце Георгиески.
Заради здравствената состојба со пандемијата, одбележувањето се одвива според протоколот што го препорачува Владата, со ограничен број на присутни.
OhridNews