Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август, заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминатите два месеца, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, велат од МЗ.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1277 пациенти со Ковид 19, 1070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

OhridNews