Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 71 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-25, Струга-17, Кичево-24, Дебар-05). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 25 контроли во угостителски и други објекти (Струга-22, Кичево-03). Во овој период, во Струга регистрирано е едно прекршување на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Охрид-02, Кичево-02). Против лицата, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews