Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 71-годишен охриѓанец поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 19-ти јуни, во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, 46-годишна жена пријавила дека истиот ден околу 14 часот на улицата „Гоце Делчев“, нејзината 11 годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува. Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По преземени мерки и лицето било пронајдено и лишено од слобода.

OhridNews