Дваесет и пет годишен охриѓанец е меѓу 32-цата починати од Ковид 19 во земјата изминатото деноноќие. Меѓу нив има уште еден пациент од Охрид на возраст од 65 години. Најмногу, 11 починати лица има во Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 починати лица од Куманово (80г, 76г и 64г), 2 починати лица во Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани се седумстотини и осум нови случаи од направени 7.174 тестирања. Од новозаболените 708 лица во Скопје се 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш – по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1. Во Охрид активни се 525 случаи на заболени со Ковид 19.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти од: Скопје – 199, Тетово – 62, Гостивар – 54, Куманово – 53, Струмица – 46, Кичево – 25, Кавадарци – 16, Велес – 15, Прилеп – 13, Дебар – 12, Штип – 11, Ресен – 10, Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 6, Свети Николе и Делчево – по 5, Валандово – 4, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Берово, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
OhridNews