– Не се одземени ингеренциите воопшто. Има мислење дека на тој простор не треба да има објекти, а ние исто така внимателно ја следиме состојбата во Свети Наум. Ќе провериме какви дозволи имаат угостителските објекти таму, затоа што тие дозволи се издавани пред 15-20 години, а не сега и сигурно кај објектите кои немаат дозволи или изградиле повеќе отколку што им било одобрено ние ќе реагираме.-вели Петрески.
Градоначалникот на Охрид е убеден дека државата нема да и ги одземе ингеренциите во областа на урбанизмот на општината, затоа што таа ќе постапи согласно законот.
-Ние ќе постапиме согласно законот, а доколку некој сака да работи надвор од законот нека ги одземе ингеренциите и нека дејствува, јас така не работам, додава Петрески.
Тој укажува дека Охрид се соочува со сериозни проблеми во справувањето со дивоградбите, затоа што Министерството за транспорт на општината и оставило во наследство 7000 дивоградби со решенија за уривање, за што се потребни милиони евра. Петрески појасни дека општината нема да постапи по ниту еден предмет пред да биде донесен Законот за легализација на дивоградбите.
-Може да се случи со тој закон некои од тие објекти да може да се легализираат и што ќе се случи доколку ние нив ги урнеме, рече Петрески, кој се надева дека Законот за легализација на дивоградбите ќе биде донесен до крајот на оваа година.