Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, oд кои 3 во Охрид. Денеска нема починати пациенти.
Нови случаи на Ковид 19 регистрирани се и во: Скопје 39, Куманово 20, Дебар 8, Штип 14, Прилеп 1, Тетово 9, Струга 13, Битола 5, Кавадарци 5, Гостивар 15, Гевгелија 3, Струмица 4, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 2, Делчево 3, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.
OhridNews