Дваесет и пет еминентни ликовни уметници од седум странски држави и земјава, ќе земат учество на 7-та Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, што ја организира познатиот ресторан „Виа Игнација“ во Вевчани. Отворањето на колонијата беше посветено на големиот ликовен уметник, македонскиот академски сликар Григор Чемерски, кој почина неодамна. За ликот и делото на Чемерски говореше познатиот публицист Мишо Китаноски, кој во своето обраќање се осврна на уметничкиот опус на исклучителниот уметник.
За придонесот на Чемерски за Вевчанската колонија и воопшто за македонската уметност зборуваше уметникот Петар Попчев. Тој истакна дека Чемерски остави длабока трага во уметноста, за што сведочат бројните вредни дела кои тој ги остави зад себе.
Отворањеро на ликовната колонија го збогати музичкиот уметник Емилија Маринова.
До сега на колонијата учествувале плејада познати уметници од Македонија и светот. Вредните слики од колонијата недомна беа изложени во Њујорк, САД.
OhridNews