Есента е прекрасно време за возење автомобил, но таа исто така носи опасности на кои секој возач мора да внимава. Авто салонот за користени возила „Терен Ауто Плус“ од Охрид има седум совети за безбедно возење во Есен.
Не сопирајте на лисја. Влажните лисја можат да бидат лизгави како мраз. Возете полека низ нив и избегнувајте нагло сопирање. Лисјата може да ги покријат линиите и другата хоризонтална сигнализација на патот, па обрнете внимание на рабовите од коловозот и внимавајте да останете во вашата лента.
Избегнувајте отсјај на сонце. Првите 15 до 45 минути по изгрејсонце и пред зајдисонце може да ви направат потешкотии во возењето поради сјајот на сонцето. Во ова време сонцето совршено се совпаѓа со источните и западните патишта Понесете со вас добар пар очила за сонце и одржувајте ја шофершајбната чиста.
Кога врне, внимавајте да задржите безбедно растојание од автомобилот пред вас, бидејќи влажните патишта може да бидат повеќе лизгави од вообичаеното и може да бидете во поголем ризик од лизгање. Користете ги градските светла или светлата за магла (никогаш не користете долги светла) во услови на магла.
Бидете внимателни на мостовите. Како што температурата почнува да опаѓа, утринските мраз може да остави заледени делови на мостови, надвозници и засенчени точки на патот. Забавете!
Прилагодете ги очите. Ние губиме секој ден 1 до 2 минути дневна светлина по есенската рамноденица. По напуштањето на домот или канцеларијата и пред да влезете во автомобилот, дајте им на очите време да се прилагодат на мракот. Потребни се од 2 до 5 минути за да почнат да се прилагодуваат.
Осигурајте се дека вашето возило е подготвено за есента, проверете го притисокот во гумите, заменете ги бришачите за шофершајбната, проверете дали имате средство за чистење ветробранските стакла.
Наместете ги вашите фарови. Ако светлото од вашите фарови изгледа премало, косултирајте го вашиот механичар да се погрижи правилно да бидат прилагодени.
„OhridNews“ во соработка со „Терен Ауто Плус“