ЈП “Билјанини Извори” – Охрид во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид организира и оваа година втор по ред 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.

Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи (име, презиме, заверен со печат и потпис од правниот субјект) треба да биде доставен до дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година, информираат од претпријатието.

Посочуваат дека котизацијата за овој турнир ќе изнесува 9000 денари по екипа, а средствата треба да бидат уплатени најдоцна до 27.09.2024 година (петок) на жиро сметката: 250000200889342, Шпаркасе Банка, цел на дознака: за турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.

Пријавувањето на екипите ќе се врши преку меил адресата [email protected] или на телефонскиот број 076443004 (Тони Илијоски). Бројот на екипи е ограничен.

OhridNews