ЈП „Билјанини Извори“- Охрид во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен турнир во мал фудбал по повод чествувањето на 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.
На турнирот ќе учествуваат 12 фудбалски тимови распоредени во 4 групи по три тимови. Натпреварите од турнирот ќе се одржат во спортската сала „Билјанини Извори” на 28/29 10.2023 и на 04/05 11.2023 година. За најуспешните три тимови се обезбедени пехари додека собраните средства за учество на турнирот (6000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели за што дополнително ќе ја известиме јавноста, велат од ЈП Билјанини Извори.
Воедно упатуваат благодарност на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир во мал фудбал и ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на натпреварите и на таков начин да бидат и тие дел од дружењето и поддршката на заедничките цели.
Натпреварите започнуваа во сабота, 28 октомври, од 9 часот.
Распоред на групи:
Група А – ЈП „Билјанини Извори”, ЛТХ Леарница и Магна,
Група Б – АСП ПАК, Жито Леб-Екстра Скопско и Општина Охрид,
Група Ц – ЕкоШпар, ЈП „Охридски Комуналец” и Костал,
Група Д – ЈП „Нискоградба”, ЈП „Водовод” и ЈП „Градски Пазар”.
OhridNews