Програмата за Регионален Економски Развој на Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ-РЕД) , ќе биде претставен на финалната конференција што денеска ќе се одржи во Охрид. На неа, најпрво ќе се претстави нацрт-Програмата за развој на Југозападниот плански регион, а потоа ќе се пристапи кон собирање предлози за конечни дополнувања на развојно-планскиот документ. Помеѓу другите, со свои излагања ќе настапат и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, Јенс Адлер, раководител на ГТЗ-РЕД и Доц. Д-р. Иван Бимбиловски, еден од авторите на програмата.
Процесот за изработка на Програмата за развој на Југозападниот плански регион е активност која се остварува во рамките на Програмата за Регионален Економски Развој (РЕД), сéстрано поддржана од Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ). Оваа програма започна да се спроведува од 1 јануари 2008 година, а нејзината основна цел е поддршка на изградбата на институционалните капацитети за регионален развој.