По повод денот на полицијата 7 мај денеска во Секторот за внатрешни работи (СВР) – Охрид  се одржува прием . Покрај граѓани и претставвници на јавниот и политичкиот живот во општината, на традиционалниот прием  учествуваат и поранешни вработени и пензионирани полицајци.

Во петокот традиционално беше доделена наградата за најдобар полицаец. Ова општинско признание годинава го понесе полицаецот Сашо Ѓоргоски. Скромната награда, ДВД плеер, му ја врачи претседавачот на Советот на Општина Охрид, Владо Чингоски кој истакна дека општа констатација е дека Охрид е безбедно место за живеење, а локалната самоуправа има одлична соработка со полицијата.


Ѓоргоски ја прима наградата од претседателот на советот Чингоски

Локалната самоуправа со донесувањето на новиот закон за полиција очекува соработката со СВР Охрид да се подигне на уште повисоко ниво.

Г. Момироски