7 е оценката на италијанските медиуми за македонскиот интернационалец Горан Пандев кој беше во главна улога на мечот меѓу Бари и Интер. Пандев заедно со Снајдер добија највисоки оцени од италијанската седма сила. 27- та во Интер е главниот виновник што ‘нероазурите’ останаа непоразени на стадионот “Свети Никола”.



 – Дадовме се од себе да се вратиме во игра и можевте да го видите одличниот Интер во последниот пола час игра. Можевме и да победиме, но на крајот немавме среќа. Сега не очекува дуелот со Милан, свесни сме дека имаме добра бодовна предност во однос на градскиот ривал. – изјавил Пандев за “Скај Спорт”, додавајќи дека му е драго што го постигна првенецот за Интер.

Пандев во среда со Интер ќе игра против Јувентус во купот на Италија, додека в недела ќе биде дел од големото “Дерби дела Мадонина“ помеѓу Милан и Интер.

М.П.