Во 11. коло од играта на среќа лото 7, падна 7-ка лото-премија во вредност од 27,385,728 ден., (околу 440,000 евра). Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место „Балила 1“, во Кочани, велат од Државна лотарија.

Уплатени се 2 лото-комбинации, а добитна е 2-та комбинација со броевите: 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37. Ова е петта 7-ка од играта на среќа Лото 7, а 26-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа (од 2010 година), велат од Државна лотарија.

Во јуни, 2021 година, Семејството Велковски од скопско Визбегово ја постигна досега најголемата премија во износ од 41,163,771 денар, уплатена во ЈМБ Компани – Визбегово. Во септември, 2020 година, Семејството Јанковски од Битола ја постигна досега најголемата премија во износ од 31 165 143 денари, уплатена во Алек Табак во Битола. Една година претходно (2019 г.), среќните броеви уплатени во Аива Кичево, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесоа 7-ка вредна 11 966 712 денари, по само 5 месеци откако беше постигната првата 7-ка на Лото 7, на 8 мај 2019 година, во износ од 299 293.990 денари, во Кавадарци.

Во историјата на лото-игрите на среќа, на Државна лотарија, за 7-ка досега се славеше во градовите Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на 7-ката, запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, населбата Визбегово. По првпат славиме за 7-ка и во Кочани.

Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите, велат од Државна лотарија, коишто досега јавно го споделија своето искуство – да се добие 7-ка на лото, а веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитникот и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на лото-играчот чиишто среќни броеви му донесоа добивка во износ од 27,385,728 ден., за само 40 денари.

Од Државна лотарија потсетуваат дека во тек е уплатата за 12-то коло , а премијата за 7-ка изнесува 7 000 000 денари, а во зимските денови предлагаат и онлајн уплата и онлајн игра на www.loto.mk.

OhridNews