Eдно седумгодишно девојче во ресторан на Мек Доналдс во Швајцарскиот град Фрибург во таканаречениот „Happy Meal“ пронашло кондом. Фрибурската полиција изјавила дека ги повикала мајката откако нејзината ќерка во пржените компирчиња пронашла кондом.
Истрагата е во тек, а полицијата се обидува да открие како кондомот се нашол во храната. Го испратиле во лабараторија да се испита дали бил опасен за здравјето.