1.Запознавање на граѓаните на Република Македонија со основите на туризмот уште од школските клупи.
Прв чекор кој треба да се преземе, е во поголемите туристички центри во земјава уште од основно училиште да им се воведе задолжителен предмет Основи на туризмот и угостителството.
Децата уште од школска возраст треба да знаат што точно претставува туризмот, и какво е неговото значење за економијата на земјата. Од туризмот немаат корист само хотелите, рестораните, туристичките агенции, туку корист имаат сите стопански дејности во една држава.
Градежништвото ќе има корист од зголемувањето на бројот на туристите во одредено место, и потребата од изградба на нови сместувачки капацитети, земјоделците ќе имаат корист од продажбата на нивните земјоделски производи во угостителските објекти, трговците, големите супер маркети, продавниците, ќе имаат корист од тоа што секој турист кој дошол во туристичкото место има потреба да купи вода, некои други намирници, цигари…
Такси превознците ќе имат корист од тоа што се јавува потреба за превоз на туристите кои дошле во туристичкото место…. и уште многу многу други дејности ќе имаат корист од туризмот.
Затоа секој поединцец од најмала возраст треба да го разбере значењето на туризмот, без оглед дали секој од нив во иднина ќе се определи за работа поврзана со туризмот или не, тој сепак ќе има некаква корист.
Секој од најмала возраст треба да научи како да се однесува кон туристите кои дошле во нивниот град, да знаат да им помогнат во секаква ситуација да се снајдат…
На крајот на краиштата туризмот може да се каже дека е најпрофитабилен бизнис, не продаваш ништо материјално (освен храната и пијалоците) а за тоа добиваш пари.
Гостинот кој дошол да преспие плаќа за услугата, но на крајот собата не може да ја земе со него….
2.Зголемена контрола на тоа кој се се’ вработува во угостителските објекти.
Неодамна се донесе еден закон за туристичките водичи, секој туристички водич да мора да поседува лиценца, за да може да ја објавува таа дејност.
Истото треба да се направи и со услужниот персонал, да не може секој да го работи тоа (се мисли конкретно на келнерите, рецепционерите…)
Доколку лицето кое бара работа во угостителски објект, нема диплома, без оглед дали е од средно угостителско образование, или факултет за туризам да не им се дозволи да работат.
Не може кој ќе стигне да да ја работи таа работа. Без ни најмалку познавање на работата, на психологијата во туризмот, на психологијата на личноста, на гостите, бидеќи доаѓаат секакви гости, со различни карактери… па не треба ни да се размислува да се стави таква личност да работи во оддели кои имаат директен контакт со гостите.
Главна специфика на туризмот е сезоналноста на работата, т.е работата главно е два три месеци, и баш тогаш кој стигнал дошол да биде угостител, угостител на кој не му е важно дали гостинот ќе биде, ќе замине задоволен или не, туку само важно му е да помине времето, да поминат тие два три месеци, да земе плата и да замине. Тоа строго не е дозволиво, и треба да се реши најбрзо.
3.Зголемена контрола на тоа кој се станува сопственик на угостителски објекти.
Потребно е исто така засилена контрола на тоа кој се сака да биде сопственик на угостителски објект, или по наше кажано ГАЗДА!
Ако тој, кој имал пари, а нема соодветно образование, во никој случај да не му се даде довола за работа.
Еден сопственик, иден менаџер мора да има соодветно образование, да се труди да привлече што е можно повеќе гости, истите да се обиде да ги направи задоволни гости, да им продаде квалитетни услуги, и истите да ги натера повторно да дојдат.
4.Намалување на цените.
И, онаа најболната точка во Македонскиот туризам , високите цени на услугите во некои туристички места во Република Македонија.
Време е да се поработи на тоа да се направат едни цени за вон сезона, кои ќе бидат пониски, а со тоа ќе има работа постојано во текот на цела година, и други цени малку повисоки кои ќе важат во шпицот во главната туристичка сезона.
5.Основање на туристички фонд!
Ова ќе Ви звучи малку чудно?!?
Да треба да се здружат сите угостителски објекти, хотели, ресторани, дискотеки, кафе барови, и.т.н и пример да договорат, во тој т.н туристички фонд од секој посетител, гостин, од секоја продадена услуга, да се одвојува симболична сума (нешто слично како туристичката такса) во тој фонд, и сите заедно да направат дел по дел, чекор по чекор, нешто што ќе биде од корист на сите нас (пример дел од парите за реконструкција, поправка на некој пат, дел од тие пари за донесување на некоја позната светска музичка ѕвезда која ќе биде настан за кој ќе се пишува и зборува на Балканот и пошироко долго, долго… и сл.)
Сите знаеме дека Македонија е неразвиена земја, и со буџет од околу две милијарди евра што побрзо да се направи, но затоа сите заедно, може да направиме повеќе, и за наше добро,и во наша корист.
6.Зголемени средби на високообразовните институции и угостителите!
Потребни се зачестени средби на професорите од факултетите за туризам во земјава со угостителите, чести разговори, разменувања на искуства, давање на совети како да се подобри квалитетот на услугите, а со тоа и да се зголеми бројот како на домашните, така и на странските туристи.
7.Зголемена соработка на угостителите со Македонските медиуми.
Потребна е зголемена соработка на угостителите во земјава со Македонските медиуми. Македонските медиуми потребно е да се приберат, и во своето информирање помалку да ги напаѓаат и критикуваат, без потреба, за банални работи нашите туристички места.
Медиумите го формираат јавното мислење на народот, токму затоа не треба да им се прикажува лажна слика на луѓето, за нешто што и најчесто не е така,што не постои само за да се читани и гледани тие информативни медиуми.
Автор:Тони Павловски
Студент на Факултет за туризам Охрид
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.