Во Струга, вчера во 21.30 часот, било пријавено дека на крстосницата од улицата „Владо Малески“ со улицата „Ѓуро Салај“ патничко моторно возило „Пасат“ со струшки регистерски таблици, управувано од 45-годишно лице од струшкото село Мислодежда удрило во 69-годишна жена од Струга.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
OhridNews