Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, во изминатите 24 часа, регистрирани се 673 прекршоци.
Инаку, во истиот период, на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информира МВР.
OhridNews