Во текот на изминатото деноноќие о земјата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци.
Според статистичките податоцина подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 88 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-38, Струга-32, Кичево-16, Дебар-02). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД -19.
OhridNews