За само 48 часа полицијата издала 67 платни налози против прекршители на Законот за јавна чистота во Охрид.

Во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота, во периодот од 08.00 часот на 29 септември 2008 година до 08.00 часот на 01 октомври 2008 година, биле издадени вкупно 537 платни налози, од што 67 во Охрид. Најмногу казни биле изречени во Скопје-137.

Законот за јавна чистота официјално започна да се применува минатата недела, од кога во Охрид се изречени неколку стотини казни.

Г.М.