На 30.05.2024 во 10.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга, 66-годишно лице од с.Октиси, струшко, откако го паркирал патничкото возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, отворајќи ја предната врата удрил во велосипед управуван од 63-годишно лице од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената на велосипедот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

OhridNews