Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на државава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, велат, продолжуваат и во наредните денови.

Воедно апелираат до сите да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

OhridNews

фото. МВР