Со пригодна свеченост што ја организира Општина Дебрца,  а ќе се одржи во просториите на училиштето во село Издеглавје, на 10-ти овој месец, со почеток во 11 часот, ќе се одбележат 65-гидишнината од создавањето на првата слободна територија Дебрца и бројните активности сврзани со воспоставување на народната власт на ослободената територија од фашистичкиот окупатор.

На свеченоста се очекува да зборува градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски, а ке биде направен и кус осврт на историските збиднувања во периодот на октомври 1943. година на подрачјето на единствената слободна територија во Македонија под фашистичка окупација.

Целта на одбележувањето на овие историски настани е не само потсетување на славното минато на овој крај, туку и потсетување, во годината која е прогласена за Година на македонскиот јазик, на напорите и желбата на народот и влста во тој период да се организира настава на македонски јазик.

Ohridnews