На денешен ден во 1943 година во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот Црковно -народен собор на слободната територија на Дебарца.

Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година е отркиена спомен-плоча.

Ohridnews