Централните настани ќе се одвиваат пред споменикот во Сливово, каде делегации на Сојузот на борците и општините Охрид и Дебрца ќе положат свежо цвеќе. Свеченостите ќе продолжат во Белчишта каде ќе биде отворена Спомен соба на НОБ.
За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење ќе говори Владо Ивановски, претседател на Комисијата за одбележување историски настани при Сојузот на борците од НОВ на Македонија, и самиот учесник во НОБ во Првата Македонско-косовска ударна бригада.