Оригиналниот македонски дрес од „Пума“, со кој ќе настапуваат државните фудбалски репрезентации, се планира да се продава во продавниците на овој производител на спортска опрема низ земјава. Ќе чини околу 65 евра, информираа од ФФМ по средбата во Виена со претставниците на германската компанија. Новата опрема ќе пристигне во декември, а репрезентациите ќе почнат да ја добиваат од февруари идната година.


новиот изглед на дресовите

ФФМ во меѓувреме ќе побара од државна институција да им биде заштитено логото од злоупотреби на сивата економија.