Ракометот, како и сите спортски активности во нашата земја поради коронавирусот се привремено прекинати и не се знае кога, како и дали ќе продолжат.
Тренерската фела во македонскиот ракомет, максимално ќе ги искористи модерното време и технологија и ќе одржи „онлајн“ работилница. Учеството на работилницата го имаат потврдено 64 тренери. Помеѓу нив има тренери и од Босна и Херцеговина.
Првото издание од „онлајн“ работилницата ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот. Теми за разговор има многу. Сигурно тренерите ќе имаат што да кажат, предложат и анализираат во текот на работилницата.
OhridNews
Извор: „G-sport“