Шеесет и четири годишнината од ослободувањето, градот Охрид ќе ја одбележи со повеќе пригодни свечености. Делегации на општината, институции, установи и АРМ ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на борците од НОБ, а во чест на празникот во големата сала на општината ќе се одржи свечена академија.
Свеченост денеска ќе се одржи и во јавната установа, детска градинка „Јасна Ристеска“, која одбележува 45 години од постоењето. По тој повод градоначалникот Александар Петрески на установата ќе и врачи пригоден подарок, а во центарот за култура ќе се одржи пригодна свеченост.