На денешен ден во 1943 година во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца.
На собирот учествуваа триесетте народни свештеници, и беа донесени мошне значајни одлуки кои ги изразувааа стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонја. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска.
Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски.
ohridnews