Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 218, потоа Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32,Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2,Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г).
Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746