По вчерашниот несреќен случај каде животот го загуби рибар од Охрид СВР Охрид денес со детали за несреќата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 04.05.2022 година во 07.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице.
Од извршениот увид било констатирано дека се работи за 63 годишно лице од Охрид, кој паднал и починал. Смрт без траги на насилство констатирала од екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, додава Димоски.
OhridNews