Според последните податоци на Институтот за јавно здравје Охрид сеуште меѓу градовите со најголем опфат на вакцинација со прва доза. 63,9% од населението во Охрид е вакцинирано со прва доза односно 28 471 лице заклучно со 26 септември, додека две дози на вакцина примиле 26 707 лица.

Најголем опфат на вакцинација со прва доза има во Неготино (65,1%), Кавадарци(64,3%) и Гевгелија(61,4%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани во државава. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, информираат од Министерството за здравство.

OhridNews