Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-21, Струга-21, Кичево-17, Дебар-03).
На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти.
OhridNews