Норвежанец (24) морал во понеделникот да се појави на суд бидејќи полицијата во рутинска контрола по шеесет и први пат го фатила без возачка дозвола.

„Ќе му го одземевме автомобилот, доколку имаше, но проблемот е во тоа што секогаш позајмува од други“, изјавил началникот на полицијата.


„Последниот пат возеше и со лажни регистарски таблици“, додава.

Момчето поради упорно кршење на сообраќајните правила заработило 12 казни.

Во октомври е пуштен бидејќи ја отслужил и последната казна, но веднаш потоа уште четири пати е фатен без возачка дозвола.