600 првоодделенци ќе бидат дел од Охрид трчаТ Детската трка 2023 која ќе се одржи на 10 мај, традиционално во организација на АК „Охрид трчаТ“. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат можност да учествуваат на истата, велат од АК „Охрид трчаТ“.

Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и секако подароци од партнерите на детската трка, велат.

Оваа година покрај традиционалните подджувачи на Охрид трчаТ Детска трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, настанот го поддржаа и МАГНА, Стопанска Банка АД Скопје, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Битолско Млеко 10 витамини, Жито Леб Охрид, Сеавус Академија и Вода Изворска.

Од Охрид трчаТ Детска трка 2022 поамбициозно се посветуваме кон животната средина и нејзината заштита така што од 2022 година паролата на Охрид трчаТ Детска трка е тркачко зелена, Run and Be GREEN!, додаваат организаторите.

Трката ќе се одржи со почеток во 11 часот на градскиот стадион „Билјанини Извори“

OhridNews