Околу шеесет илјади семејства, кои добиваат социјална парична помош и постојана парична помош од овој викенд ќе можат да аплицираат за дополнителни 600 денари, субвенција за енергетска сиромаштија.
 
На ниво на земјата има вкупно 52.000 корисници и приближно пет до шест илјади корисници на постојана парична помош, информираат од Министерството за труд социјална политика.

Корисниците на социјална помош ќе можат да аплицираат за дополнителна субвенција за енергетска сиромаштија.

 – Истите ќе добиваат по дополнително 600 денари месечно. Единствено што треба да направат корисниците на социјална парична помош  е да достават сметка за платена електрична енергија или платена сметка  за други енергенси“, велат од надлежното министерство.

OhridNews