Најмногу интервенции имало во Дневната болница каде биле донесени 16 лица со акутно труење со алкохол, од кои повеќето малолетници.
На интерното одделение биле примени на третман и тројца пациенти со претпрпен срцев удар, а на неврологија четири лица со мозочен удар. За среќа, нема ниту еден смртен случај, ни изјави портпаролот на охридската болница, д-р Сашо Василески.
Тој истакна дека во општата болница синоќа било примено и едно лице кое најверојатно било прегазено од автомобил и оставено на улица. Лицето се наоѓа во шок соба и е надвор од животна опасност. Полни раце работа имало и хируршкото одделение каде биле примени 11 пациенти со повреди здобиени во тепачки, додаде д-р Василески.
Инаку, за дежурните во Службата за итна медицинска помош новогодишната ноќ минала вообичаено и без посериозни интервенции.