Иако сенката ја “третираме“ како наједноставниот дел од шминката за користење, грешките за време на нанесувањето се многу чести. Затоа, прочитајте ги следните совети, за да ги избегнете.

1.Сенката обично се избира според бојата на очите. Меѓутоа подобар ефект се постигнува кога се прави контраст.
2.Мешањето на различни бои може да изгледа интересно, но , сепак, водете сметка да не направите преголема спротивност.
3.Сенката немојте да ја ставате после коректорот за очи, туку претходно, за да не делува неуредно.
4. Доколку сте во средните години од животот, би требало да избегнувате светливи сенки, бидејќи со нив се свртува вниманието кон брчките. Решение се оние со мат текстура.
5. За сенката да дојде до израз ставете и маскара и моливче за очи. Тие на очите ќе им дадат облик, а сенката ќе ги отвори.
6. Наместо сунѓерче за нанесување, секогаш е подобро да користите четка.

 

извор: zenstvena.com